КОНКУРС ЗА ДРЖАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ПРЕДМЕТОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 2018 ГОДИНА
Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Република Македонија гo распишува Конкурсoт за државните натпревари по предметите Македонски јазик/Македонски јазик и литература за основното и за средното образование за 2018 година.
Државните натпревари по предметите Македонски јазик/Македонски јазик и литература за основното и за средното образование се организираат и се спроведуваат за редовните ученици од VIII и IX одделение на деветгодишното основно образование и од II и III година на средното образование – гимназиско и стручно. Целните групи на натпреварите се:
- учениците на коишто македонскиот јазик им е мајчин и наставен јазик и
- учениците на коишто македонскиот не им е мајчин јазик и на коишто наставен јазик им е еден од јазиците на заедниците во РМ.
Темите за натпреварите се во согласност со наставните програми за VI, VII, VIII и IX одделение на деветгодишното основно образование и за I, II и III година на гимназиското и на средното стручно образование.
Содржините во натпреварувачките тестови се во согласност со обемот на соодветните наставни содржини во соодветните наставни програми.
Погледнете и снимете ги потребните документи на копчето.
ТЕМИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (мајчин):
А)
Б)
(Содржините да бидат опфатени според наставните програми и постоечките учебници).
ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (немајчин):
А)
Б)
(Содржините да бидат опфатени според наставните програми и постоечките учебници).
- за VIII одделение, од областа јазик ќе бидат застапени темите: Морфологија, Синтакса (реченични членови и независносложени реченици).
- за VIII одделение, од областа литература ќе бидат опфатени темите: Жанрот автобиографија (Автобиографиите на Григор Прличев и Марко Цепенков), Социјална лирика (животот и поезијата на Коста Рацин и Коле Неделковски), Лирско-епски видови, Македонските учебникари, Стилски фигури.
Б)
- за IX одделение, од областа јазик ќе бидат застапени темите: Македонскиот јазик на почетокот од XX век – Крсте Петков Мисирков; Кодификација на македонскиот јазик; Морфологија (минато неопределено несвршено и свршено време; идно време; глаголски конструкции со сум и со има; можен начин; честички; извици; модални зборови и сврзници); Функционални стилови.
- за IX одделение, од областа литература ќе бидат застапени темите: Крсте П. Мисирков (живот и творештво), Блаже Конески (живот и поетско творештво: „Везилка“, „Тешкото“, „Ракување“), Григор Прличев (живот и творештво и поемата „Сердарот“), Марко Цепенков (живот и творештво и делото „Силјан штркот“), Џек Лондон со романот „Повикот на дивината“, Литературно-научни видови, Медиумска култура, Стилски фигури (тропи).
(Содржините да бидат опфатени според наставните програми и постоечките учебници).
ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (немајчин):
А)
- за VIII одделение, немајчин јазик, од областа јазик ќе бидат застапени темите: Морфологија, Синтакса (реченични членови и независносложени реченици).
- за VIII одделение, немајчин јазик од областа литература ќе бидат опфатени темите: Поезијата на Коста Рацин, социјални песни, драмски форми, дневник, народно творештво, стилски изразни средства (тропи).
Б)
- - за IX одделение, немајчин јазик, од областа јазик ќе бидат застапени темите: Синтакса (реченични членови и зависносложени реченици); Прости и сложени глаголски форми; Модални зборови и честички.
- - за IX одделение, немајчин јазик од областа литература ќе бидат опфатени темите: Крсте П. Мисирков (живот и творештво), Стилски фигури (тропи), Блаже Конески (живот и поетско творештво: „Везилка“, „Тешкото“) Григор Прличев (живот и творештво и поемата „Сердарот“), народно творештво, Литературно-научни видови. Медиумска култура. (содржините да бидат опфатени според наставните програми и постоечките учебници).
(Содржините да бидат опфатени според наставните програми и постоечките учебници).
ТЕМИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ (мајчин):
А)
За средно образование мајчин јазик, од областа јазик ќе бидат застапени темите:
Б)
За средно образование мајчин јазик, од областа литература ќе бидат опфатени темите:
СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ (немајчин):
В)
За средно образование немајчин јазик, од областа јазик ќе бидат опфатени темите:
За средното образование немајчин јазик, од областа литература ќе бидат застапени темите:
(Содржините да бидат опфатени според наставните програми и постоечките учебници).
А)
За средно образование мајчин јазик, од областа јазик ќе бидат застапени темите:
- за II година: Морфологија.
- за III година: Синтакса, Фразеологија.
Б)
За средно образование мајчин јазик, од областа литература ќе бидат опфатени темите:
- - за II година: Предренесанса (Бокачо, Петрарка, Данте Алигиери – живот и творечка дејност со посебен осврт на „Пеколот“), Ренесанса (Шекспир и Сервантес – живот и творечка дејност со акцент на „Хамлет“ и „Дон Кихот“), Просветителството во Македонија со претставниците.
- - за III година: Романтизмот во европската литература (Општи особености, Гете, Пушкин, Бајрон и Иго – живот и творештво, со акцент на „Страдањата на младиот Вертер“, „Евгениј Онегин“, „Странствувањето на Чајлд Харолд“ и „Клетници“), Класицизмот во Европа (Општи особености, Молиер и Пјер Корнеј – живот и творештво, со акцент на драмите „Тартиф“ и „Сид“), Романтизмот (преродбата) во Македонија (Прличев – „Сердарот“, Миладиновци – собирачка дејност и поезијата на Константин Миладинов, Жинзифов – „Крвава кошуља“, „Прошедба“ и поезијата).
СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ (немајчин):
В)
За средно образование немајчин јазик, од областа јазик ќе бидат опфатени темите:
- За II година: Морфологија (именски зборови, глаголски форми - сегашно време, Минато определено несвршено време, Минато определено свршено, Минато неопределено време, идно време, СУМ-конструкција, ИМА-конструкција, заповеден и можен начин), Лексикологија (синоними, хомоними, антоними).
- за III година: Синтакса (реченични членови, негација, активни и пасивни реченици, безлични реченици, независносложени и зависносложени реченици - преглед).
За средното образование немајчин јазик, од областа литература ќе бидат застапени темите:
- За II година: Просветителство (Ј. Крчовски - „Слово заради завист“, К. Пејчиновиќ - „Слово за празниците“, Т. Синаитски, Ј.Х.К. Џинот), Македонската преродба (Браќата Миладиновци, К. Миладинов - „Т`га за југ“, Р. Жинзифов - „Прошедба“, Г. Прличев - „Сердарот“.
- за III година: Македонската литература меѓу двете светски војни (В. Иљоски - „Бегалка“, А. Панов - „Печалбари“, Р. Крле - „Парите се отепувачка“, К. Рацин - „Бели мугри“, К. Неделковски - „Скитник“, „Работник“), Македонски автори кои пишувале на други јазици, Македонска литература по Втората светска војна (Б. Конески - „Тешкото“, А. Шопов - „Очи“, С. Јаневски - „Цветови“, С. Попов - „Крпен живот“).
(Содржините да бидат опфатени според наставните програми и постоечките учебници).
Општи правила
- Државниот натпревар ќе се одржи на 19. V 2018 г. (сабота) во 12,00 часот (и за основното образование и за средното образование). Рокот за пријавување е до 12. V 2018 год. (по електронски пат: со пријавата на учениците за учество на државниот натпревар, наставниците-ментори се должни да приложат копија од уплатницата за уплатена котизација на ученикот за учество на државниот натпревар, во висина од 400,00 (четиристотини) денари, а на сметката на СДМЈЛ на РМ.)
- Место на одржување на Државниот натпревар по македонски јазик/македонски јазик и литература за учениците од основното и средното образование е:
СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје. - ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА ИМААТ СИТЕ УЧЕНИЦИ КОИ ОСВОИЛЕ МИНИМУМ 70 ПОЕНИ НА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ.
- Учесниците (учениците и менторите) се должни да пристигнат на натпреварувачките пунктови (училиштето) барем половина час пред почетокот на натпреварот.
- При влегувањето во училиштето, наставникот-ментор треба да покаже личен документ за идентификација, а ученикот потврда од своето училиште дека е редовен ученик во осмо или во деветто одделение/ во втора или во трета година (на потврдата задолжително треба да има печат од училиштето и фотографија од ученикот).
- Наставниците-ментори се должни да ги придружуваат своите ученици на патувањето до местото каде што ќе се натпреваруваат, за време на дневниот престој во местото на државниот натпревар и на патувањето назад до местото од каде што доаѓаат. Доколку наставникот-ментор е спречен да го придружува својот ученик, ученикот во текот на целиот ден на натпреварот треба да биде придружуван од лицето коешто ќе биде назначено како негов придружник од страна на родителите/старателите. СДМЈЛ на РМ не презема никаква одговорност за учениците во текот на денот на одржувањето на државниот натпревар.
- Пријавата е електронска (се појавува како копче на почетокот на оваа страница).
Патните трошоци за учесниците до местото на натпреварот не се на товар на СДМЈЛ на РМ.
Од Извршниот одбор на Сојузот на друштвата
за македонски јазик и литература на РМ