СДМЈЛ
  • Дома
  • Конкурси
    • Рецитаторски натпревар - 2019
  • Новости
    • Резултати од рецитаторскиот натпревар
    • Дипломи за најуспешните
  • Документи
    • Правилници
    • Региони
  • Контакт
  • Архива
    • Учебна 2018-2019 >
      • Рецитаторски натпревар - 2018
      • Најдобар есеј - 2018
    • Учебна 2017-2018 >
      • Рецитаторски натпревар 2017 >
        • Конкурси 2017 >
          • Конкурси 2017
        • Резултати - рецитаторски натпревар
      • Државен натпревар 2017-18
      • Натпревар 2017-18
  • Потребни документи

Конкурс за најдобар есеј

.

назад

Конкурс за најдобар есеј

       СОЈУЗОТ НА ДРУШТВАТА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА распишува НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ за 2018 година за сите редовни ученици на средното образование (гимназиско и стручно) и за учениците од деветто одделение на основното образование.

​МНОГУ УСПЕХ!

          Право на учество на наградниот конкурс за најдобар есеј имаат учениците од IX одделение од основното образование, како и учениците од сите години на средното образование во Р. Македонија, под менторство на предметниот наставник/професор.

1. ТЕМИ за учениците од основното образование (деветто одделение):
  • Јазик: Граматичката категорија време во песната „Кога ја љубев Дениција“ на Петре М. Андреевски;
  • Литература: Од светот на децата во светот на возрасните во романите: „Девојките на Марко“ на Оливера Николова и „Мојот пријател А.“ на Јадранка Владова.
2. ТЕМИ за учениците од средното образование:
  • Јазик: Дијалектите и стандардниот јазик како основа за идентитетот на еден народ;
  • Литература: Земјата и љубовта во поезијата на Блаже Конески.
          Со пријавата на учениците за учество на наградниот конкурс за најдобар есеј, наставниците-ментори се должни да приложат:

  • копија од уплатницата за уплатена годишна членарина во висина од 300 (триста) денари за нивното членство во СДМЈЛ на РМ, а на сметката на СДМЈЛ на РМ;
  • копија од уплатницата за уплатена котизација на ученикот за учество на наградниот конкурс, во висина од 300 (триста) денари, а на сметката на СДМЈЛ на РМ;

           Сметката на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература е:

                                               300-0000012791-75 - Комерцијална банка - Скопје.

          Пријавувањето се врши по електронски пат на сајтот на СДМЈЛ. Пријавувањето трае до 16 декември 2018 год., до 15,00 ч.

          При пријавувањето се поднесува следново:
  • Примерок од есејот напишан на компјутер;
  • уредно пополнета пријава од ученикот за учество на натпреварот;
  • копија од уплатницата за уплатената котизација од училиштето и
  • копија од уплатницата за уплатената годишна членарина на професорот-ментор.
      (Есејот треба да содржи 4 до 5 страници; да биде напишан со фонтот Times New Roman (МК) - големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.)
             
​          За уредни ќе се сметаат само пријавите што ќе ги содржат сите потребни поднесоци.

                                                                    ПРИЈАВА ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ 2018


 
                                                                                                             Од Извршниот одбор на Сојузот на друштвата за
                                                                                                                                          македонски јазик и литература на РМ
​

Proudly powered by Weebly