Конкурс за рецитатори 2018
Распишан е конкурсот за млади рецитатори 2018. Пријавувањето е електронско. Подгответе ги документите за да може да ги прикачите со вашата апликација.
МНОГУ УСПЕХ! |
Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Република Македонија распишува
КОНКУРС ЗА РЕЦИТАТОРИ 2018 година
Натпреварот ќе се состои од два дела и тоа:
Бројот на натпреварувачите во оваа фаза на натпреварот е ограничен на најмногу двајца ученици-кандидати од едно училиште (основно или средно). Изборот на кандидатите за рецитаторските натпревари го прават наставниците според резултатите од училишните натпревари што ќе ги организираат во своите училишта.
За учество на рецитаторскиот натпревар, училиштето-учесник треба да уплати котизација во висина од 200,00 ден. за секој ученик-кандидат на сметката на СДМЈЛ на РМ, а наставниците/професорите-ментори треба да ја имаат подмирено годишната членарина во СДМЈЛ на РМ, во висина од 300,00 ден. Жиро-сметката на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Р. Македонија е:
300-0000012791-75 - Комерцијална банка - Скопје.
За учениците што ќе се пласираат во вториот круг од натпреварувањето училиштето-учесник е должно да уплати дополнителни 200,00 ден. по ученик на сметката на СДМЈЛ на РМ.
Натпреварувачите на Рецитаторскиот натпревар конкурираат со рецитаторска изведба која треба да биде снимена во аудио формат.
Задолжителна за учениците од основното образование е песната на Видое Подгорец „Песна за татко ми“ (в. Прилог 1), а за учениците од средното образование – „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска (в. Прилог 2). Пред рецитирањето на задолжителната песна, секој учесник е должен да се претстави со име и презиме, а во апликацијата да бидат приложени:
Снимените интерпретации треба да се приложат без никакви придружни аудитивни ефекти, за да може Комисијата посоодветно да ја оцени интерпретацијата на ученикот. Од пристигнатиот материјал за првиот дел од натпреварот, комисијата ќе ги избере оние ученици чија интерпретација најсоодветно ги задоволува пропишаните критериуми.
Во вториот дел (устен) од натпреварот учениците прво ќе ја интерпретираат истата песна со која се пласирале, а потоа од страна на комисијата секому ќе му биде понуден непознат поетски текст за изведување, кое, нема да трае повеќе од 3 минути. Секој учесник ќе извлече плик со што ќе ја обезбедиме тајноста на овој дел од натпреварот. Натпреварот ќе се изведе во еден ден за кој чениците и наставниците-ментори ќе бидат дополнително известени.
При оценувањето ќе се земат предвид солидноста на артикулацијата, правилната употреба на јазичната норма и емоционалниот израз на учесниците сообразен со одбраната содржина.
Аудио записот заедно со пријавата од ученикот, изјавата за согласност од родителите/старателите, копиите од уплатената членарина и од котизацијата треба да се испратат најдоцна до 15 декември 2017 год. со електронска пријава на следниов линк:
ПРИЈАВА ЗА РЕЦИТАТОРСКИ НАТПРЕВАР 2018
За уредни ќе се сметаат само пријавите што ќе ги содржат сите потребни поднесоци. Формуларот за пријавата се пополнува електронски, од електронската порака што ќе биде испратена до училиштата и од фејсбук-профилот на СДМЈЛ на РМ (Сојуз на ДМЈЛ).
Согласноста од родител/старател може да ја преземете од официјалната веб страница на Сојузот на ДМЈЛ и од фејсбук-профилот на СДМЈЛ на РМ.
http://sdmjl.weebly.com/
Од Извршниот одбор на Сојузот на друштвата за
македонски јазик и литература на РМ

- Прв дел: рецитирање на песна по избор на комисијата на СДМЈЛ;
- Втор дел: рецитирање на истата песна со која ученикот се пласирал во втората фаза и рецитирање непозната песна, зададена од жири-комисијата.
Бројот на натпреварувачите во оваа фаза на натпреварот е ограничен на најмногу двајца ученици-кандидати од едно училиште (основно или средно). Изборот на кандидатите за рецитаторските натпревари го прават наставниците според резултатите од училишните натпревари што ќе ги организираат во своите училишта.
За учество на рецитаторскиот натпревар, училиштето-учесник треба да уплати котизација во висина од 200,00 ден. за секој ученик-кандидат на сметката на СДМЈЛ на РМ, а наставниците/професорите-ментори треба да ја имаат подмирено годишната членарина во СДМЈЛ на РМ, во висина од 300,00 ден. Жиро-сметката на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Р. Македонија е:
300-0000012791-75 - Комерцијална банка - Скопје.
За учениците што ќе се пласираат во вториот круг од натпреварувањето училиштето-учесник е должно да уплати дополнителни 200,00 ден. по ученик на сметката на СДМЈЛ на РМ.
Натпреварувачите на Рецитаторскиот натпревар конкурираат со рецитаторска изведба која треба да биде снимена во аудио формат.
Задолжителна за учениците од основното образование е песната на Видое Подгорец „Песна за татко ми“ (в. Прилог 1), а за учениците од средното образование – „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска (в. Прилог 2). Пред рецитирањето на задолжителната песна, секој учесник е должен да се претстави со име и презиме, а во апликацијата да бидат приложени:
- уредно пополнета пријава од ученикот за учество на натпреварот;
- уредно пополнета изјава за согласност од родителите/старателите на ученикот;
- копија од уплатницата за уплатената котизација од училиштето, и
- копија од уплатницата за уплатената годишна членарина на професорот-ментор.
Снимените интерпретации треба да се приложат без никакви придружни аудитивни ефекти, за да може Комисијата посоодветно да ја оцени интерпретацијата на ученикот. Од пристигнатиот материјал за првиот дел од натпреварот, комисијата ќе ги избере оние ученици чија интерпретација најсоодветно ги задоволува пропишаните критериуми.
Во вториот дел (устен) од натпреварот учениците прво ќе ја интерпретираат истата песна со која се пласирале, а потоа од страна на комисијата секому ќе му биде понуден непознат поетски текст за изведување, кое, нема да трае повеќе од 3 минути. Секој учесник ќе извлече плик со што ќе ја обезбедиме тајноста на овој дел од натпреварот. Натпреварот ќе се изведе во еден ден за кој чениците и наставниците-ментори ќе бидат дополнително известени.
При оценувањето ќе се земат предвид солидноста на артикулацијата, правилната употреба на јазичната норма и емоционалниот израз на учесниците сообразен со одбраната содржина.
Аудио записот заедно со пријавата од ученикот, изјавата за согласност од родителите/старателите, копиите од уплатената членарина и од котизацијата треба да се испратат најдоцна до 15 декември 2017 год. со електронска пријава на следниов линк:
ПРИЈАВА ЗА РЕЦИТАТОРСКИ НАТПРЕВАР 2018
За уредни ќе се сметаат само пријавите што ќе ги содржат сите потребни поднесоци. Формуларот за пријавата се пополнува електронски, од електронската порака што ќе биде испратена до училиштата и од фејсбук-профилот на СДМЈЛ на РМ (Сојуз на ДМЈЛ).
Согласноста од родител/старател може да ја преземете од официјалната веб страница на Сојузот на ДМЈЛ и од фејсбук-профилот на СДМЈЛ на РМ.
http://sdmjl.weebly.com/
Од Извршниот одбор на Сојузот на друштвата за
македонски јазик и литература на РМ
Критериуми за избор
- Правилна дикција и интонација;
- Правилно акцентирање;
- Соодветна експресивност на изразот и умерена театралност;
- Реализација на мисловно-емотивните аспекти на песната.
Со почит,
СДМЈЛ |
|