Конкурс за рецитатори 2019
Распишан е конкурсот за млади рецитатори 2019. Пријавувањето е електронско. Подгответе ги документите за да може да ги прикачите со вашата апликација.
МНОГУ УСПЕХ! |
Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Република Северна Македонија распишува КОНКУРС ЗА РЕЦИТАТОРИ за 2019 година за учениците од основното и средното образование на Република Северна Македонија.
Натпреварот ќе се состои од два дела и тоа:
Право на учество на рецитаторскиот натпревар имаат учениците од VI до IX одделение од основното образование, како и учениците од сите години на средното образование во Р. Македонија, под менторство на предметниот наставник/професор.
Бројот на натпреварувачите во оваа фаза на натпреварот е ограничен на најмногу двајца ученици-кандидати од едно училиште (основно или средно). Изборот на кандидатите за рецитаторските натпревари го прават наставниците според резултатите од училишните натпревари што ќе ги организираат во своите училишта.
За учество на рецитаторскиот натпревар, училиштето-учесник треба да уплати котизација во висина од 300,00 ден. за еден ученик на сметката на СДМЈЛ на РМ, а наставниците/професорите-ментори треба да ја имаат подмирено годишната членарина во СДМЈЛ на РМ, во висина од 300,00 ден. за 2019 год.
Жиро-сметката на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература е:
300-0000012791-75 - Комерцијална банка - Скопје.
Задолжителна за учениците од основното образование е песната „Татунчо“ од Кочо Рацин (в. Прилог 1), а за учениците од средното образование e „Одмор крај оган“ од Радован Павловски (в. Прилог 2).
Пријавувањето на натпреварот ќе се врши по електронски пат, а секој ученик е должен да ја приложи следната документација:
На натпреварот учениците прво ќе ја интерпретираат песната од конкурсот (Прилог 1 или Прилог 2), а потоа од страна на комисијата секому ќе му биде понуден непознат поетски текст за изведување, кое нема да трае повеќе од 3 минути. Секој учесник ќе извлече плик со што ќе ја обезбедиме тајноста на овој дел од натпреварот.
Натпреварот ќе се оддржи на 28. XII 2019 год. (сабота) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје со почеток од 11:00 ч.
Рокот за пријавување на натпреварот е 24. XII 2019 год. до 20 ч.
При оценувањето на учениците ќе се земат предвид:
Прилог 1 (основно образование)
ТАТУНЧО
Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!
Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце – порта највисока,
срце – куќа најширока.
Ако жена не донесов
ѓул-трендафил во одаја
верна, добра млада љуба –
не ме колни, не ме жали:
во борбата другарката
с’лнце сјае, с’лнце трепти!
Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосејав –
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
„Ајдутин мајка не рани…”
И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што л’штат –
блазе, речи на душата –
има зошто душа да е!
Кочо Рацин
Прилог 2 (средно образование)
ОДМОР КРАЈ ОГАН
Каменот што молчи и гори мудар е
Старец седокос штом ѕвезда падне во ноќта
со поглед ја следи и се крсти:
Ѕвездите и луѓето испомешани се
и од исти нишки создадени
та затоа она што се случува со ѕвездите
во нашите соништа
тоа е затоа што нешто наше во нас
и надвор од нас во просторот се прелева
Затоа во сонот крај огниште в планина
остави ми малу вода во стомнето
душата да ми пее во облаците
и сакај ме без солзи и страв на минливост:
Движењата на огнот што пламти
исти се како и движењата на нашата љубов.
Радован Павловски
Со почит,
Од Извршниот одбор на Сојузот на друштвата за
македонски јазик и литература на РМ
Електронското пријавувањето е отворено на следниот линк:
ПРИЈАВА ЗА РЕЦИТАТОРСКИ НАТПРЕВАР 2018
За уредни ќе се сметаат само пријавите што ќе ги содржат сите потребни поднесоци. Формуларот за пријавата се пополнува електронски.
Натпреварот ќе се состои од два дела и тоа:
- Прв дел: рецитирање на песна предвидена во Конкурсот (Прилог 1 и Прилог 2);
- Втор дел: рецитирање непозната песна, зададена од жири-комисијата на самиот натпревар.
Право на учество на рецитаторскиот натпревар имаат учениците од VI до IX одделение од основното образование, како и учениците од сите години на средното образование во Р. Македонија, под менторство на предметниот наставник/професор.
Бројот на натпреварувачите во оваа фаза на натпреварот е ограничен на најмногу двајца ученици-кандидати од едно училиште (основно или средно). Изборот на кандидатите за рецитаторските натпревари го прават наставниците според резултатите од училишните натпревари што ќе ги организираат во своите училишта.
За учество на рецитаторскиот натпревар, училиштето-учесник треба да уплати котизација во висина од 300,00 ден. за еден ученик на сметката на СДМЈЛ на РМ, а наставниците/професорите-ментори треба да ја имаат подмирено годишната членарина во СДМЈЛ на РМ, во висина од 300,00 ден. за 2019 год.
Жиро-сметката на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература е:
300-0000012791-75 - Комерцијална банка - Скопје.
Задолжителна за учениците од основното образование е песната „Татунчо“ од Кочо Рацин (в. Прилог 1), а за учениците од средното образование e „Одмор крај оган“ од Радован Павловски (в. Прилог 2).
Пријавувањето на натпреварот ќе се врши по електронски пат, а секој ученик е должен да ја приложи следната документација:
- уредно пополнета пријава од ученикот за учество на натпреварот;
- уредно пополнета изјава за согласност од родителите/старателите на ученикот;
- копија од уплатницата за уплатената котизација од училиштето, и
- копија од уплатницата за уплатената годишна членарина на професорот-ментор.
На натпреварот учениците прво ќе ја интерпретираат песната од конкурсот (Прилог 1 или Прилог 2), а потоа од страна на комисијата секому ќе му биде понуден непознат поетски текст за изведување, кое нема да трае повеќе од 3 минути. Секој учесник ќе извлече плик со што ќе ја обезбедиме тајноста на овој дел од натпреварот.
Натпреварот ќе се оддржи на 28. XII 2019 год. (сабота) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје со почеток од 11:00 ч.
Рокот за пријавување на натпреварот е 24. XII 2019 год. до 20 ч.
При оценувањето на учениците ќе се земат предвид:
- солидноста на артикулацијата,
- правилната употреба на јазичната норма, и
- емоционалниот израз на учесниците сообразен со одбраната содржина.
Прилог 1 (основно образование)
ТАТУНЧО
Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!
Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце – порта највисока,
срце – куќа најширока.
Ако жена не донесов
ѓул-трендафил во одаја
верна, добра млада љуба –
не ме колни, не ме жали:
во борбата другарката
с’лнце сјае, с’лнце трепти!
Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосејав –
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
„Ајдутин мајка не рани…”
И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што л’штат –
блазе, речи на душата –
има зошто душа да е!
Кочо Рацин
Прилог 2 (средно образование)
ОДМОР КРАЈ ОГАН
Каменот што молчи и гори мудар е
Старец седокос штом ѕвезда падне во ноќта
со поглед ја следи и се крсти:
Ѕвездите и луѓето испомешани се
и од исти нишки создадени
та затоа она што се случува со ѕвездите
во нашите соништа
тоа е затоа што нешто наше во нас
и надвор од нас во просторот се прелева
Затоа во сонот крај огниште в планина
остави ми малу вода во стомнето
душата да ми пее во облаците
и сакај ме без солзи и страв на минливост:
Движењата на огнот што пламти
исти се како и движењата на нашата љубов.
Радован Павловски
Со почит,
Од Извршниот одбор на Сојузот на друштвата за
македонски јазик и литература на РМ
Електронското пријавувањето е отворено на следниот линк:
ПРИЈАВА ЗА РЕЦИТАТОРСКИ НАТПРЕВАР 2018
За уредни ќе се сметаат само пријавите што ќе ги содржат сите потребни поднесоци. Формуларот за пријавата се пополнува електронски.
Критериуми за избор
- солидноста на артикулацијата,
- правилната употреба на јазичната норма, и
- емоционалниот израз на учесниците сообразен со одбраната содржина.
Со почит,
СДМЈЛ |
|