Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Република Македонија гo распишува Конкурсoт за државните натпревари по предметите македонски јазик за основното и македонски јазик и литература за средното образование за 2019 година.
Државните натпревари по предметите македонски јазик за основното и македонски јазик и литература за средното образование се организираат и се спроведуваат за редовните ученици од VIII и IX одделение на деветгодишното основно образование и од II и III година на средното образование – гимназиско и стручно. Целните групи на натпреварите се:
Темите за натпреварите се во согласност со наставните програми за VI, VII, VIII и IX одделение на деветгодишното основно образование и за I, II и III година на гимназиското и на средното стручно образование.
Содржините во натпреварувачките тестови се во согласност со обемот на соодветните наставни содржини во соодветните наставни програми.
Извршниот одбор на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература донесе одлука на претстојните регионални натпревари за натпреварувачката 2019 година да бидат следните теми:
ТЕМИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК:
ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (мајчин јазик):
А)
- за VIII одделение, од областа јазик ќе бидат застапени темите:
Морфологија (минато определено несвршено и свршено време; сегашно време; нелични глаголски форми); Менливи зборови (Именки, глаголи, придавки, броеви, заменки)
- за VIII одделение, од областа литература ќе бидат опфатени темите:
Животот и делото на Константин Философ; Народна литература (мит, легенда, предание, епски песни, народни приказни), Историскиот развој на медиумската култура: првите печатени списанија. Стилски фигури (градација, хипербола, апострофа, рефрен, епитет, компарација, метафора) и елегија. Текстови за практична примена (записник, есеј, молба, жалба, барање и сл.) Лектира: „Девојките на Марко“ на Оливера Николова
Б)
- за IX одделение, од областа јазик ќе бидат застапени темите:
Кодификација на македонскиот јазик; Фонетика (акцент и акцентски целости); Морфологија (сложени глаголски форми); Неменливи зборови (Извици, сврзници, честички, модални зборови и предлози).
- за IX одделение, од областа литература ќе бидат застапени темите:
Петре М. Андреевски (живот и творештво со акцент на песната „Кога ја љубев Дениција“), Матеја Матевски (живот и творештво со акцент на песната „Ѕвона“), Рајко Жинзифов (живот и творештво со акцент на поемата „Крвава кошуља“); литературно-научни видови (есеј, статија, полемика, расправа и сл.) публицистички текстови (репортажа, патопис) и мемоари. Лектира: „Бели Мугри“ на Рацин. Стилски фигури (градација, хипербола, апострофа, рефрен, епитет, компарација, метафора, симбол, иронија, алегорија) и елегија.
(содржините да бидат опфатени според наставните програми и постоечките учебници).

ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (за заедниците):
А)
- за VIII одделение, немајчин јазик, од областа јазик ќе бидат застапени темите:

- за VIII одделение, немајчин јазик од областа литература ќе бидат опфатени темите: „
Марко Цепенков, („Автобиографија“ и „Силјан Штркот“) Рајко Жинзифов (живот и творештво), Константин Философ (живот и творештво) народно творештво, стилски изразни средства (градација, хипербола, апострофа, рефрен, епитет, компарација) и елегија; Лектира: „Чорбаџи Теодос“ на Васиљ Иљоски.
Б)
- за IX одделение, немајчин јазик, од областа јазик ќе бидат застапени темите: Кодификација на македонскиот јазик; Фонетика (акцент и акцентски целости); Морфологија (минато неопределено време); Неменливи зборови (Извици, сврзници, честички, модални зборови и предлози).
- за IX одделение, немајчин јазик од областа литература ќе бидат опфатени темите: Поезијата на Коста Рацин, Браќата Миладиновци (живот и творештво) Стилски фигури (градација, хипербола, апострофа, рефрен, епитет, симбол, иронија, алегорија) и елегија. Народно творештво. Литературно-научни видови (есеј, статија, полемика, расправа и сл.) публицистички текстови (репортажа, патопис). Медиумска култура; Лектира: „Печалбари“ на Антон Панов
ТЕМИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ:
А)
- за II година средно образование мајчин јазик, од областа јазик ќе бидат застапени темите:
Историја на македонскиот јазик (Погледите за македонскиот јазик на К. Пејчиновиќ, Т. Синаитски, Ј. Крчовски, Јордан Х. Џинот); Морфологија, со акцент на заменки, предлози, сврзници и честички и модални зборови; Лексикологија.
-за II година средно образование мајчин јазик, од областа литература ќе бидат застапени темите:
Ренесанса: Данте Алигери - „Божествена комедија“, Мигел да Сервантес - „Дон Кихот“, Вилијам Шекспир - „Хамлет“; Класицизам: Молиер - „Тартиф“; Просветителство во Европа: Даниел Дефо - „Робинзон Крусо“; Просветителството во Македонија: Јоаким Крчовски - „Слово заради завист“, Кирил Пејчиновиќ - „Слово за празниците“ и Јордан Хаџи Константинов Џинот - „Труд ми е името“.
Б)
- за III година средно образование мајчин јазик, од областа јазик ќе бидат застапени темите:
Историски развој на македонскиот јазик, со акцент на Погледите на Крсте П.Мисирков за македонскиот јазик и улогата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик; Синтакса (проста реченица – реченични членови и сложена реченица – зависносложени реченици).
-за III година средно образование мајчин јазик, од областа литература ќе бидат застапени темите:
Романтизмот (Преродбата) во македонската литература: Димитрија Миладинов, Константин Миладинов - поезија, Григор Прличев - „Сердарот“, Војдан Поп Георгиев Чернодрински - „Македонска крвава свадба“; Реализам: Оноре де Балзак - „Чичко Горио“, Фјодор М. Достоевски - „Злосторство и казна“; Македонската литература меѓу двете светски војни: Васил Иљоски - „Чорбаџи Теодос“, Антон Панов - „Печалбари“, Ристо Крле - „Парите се отепувачка“, Кочо Рацин - „Бели мугри“, Коле Неделковски - поезија, Никола Јонков Вапцаров (живот и творештво); Македонската литература по Втората светска војна: Славко Јаневски - „Улица“, Стале Попов - „Крпен живот“„.

СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ (за заедниците):
А)
- за II година средно образование за заедниците (немајчин јазик), од областа јазик ќе бидат застапени темите:
Историја на мекедонскиот јазик (Погледите за македонскиот јазик на К. Пејчиновиќ); Морфологија, со акцент на заменки, предлози, прилози, сврзници, честички и броеви; Директен и индиректен предмет; Удвојување на директниот и индиректниот предмет.
за II година средно образование за заедниците (немајчин јазик), од областа литература ќе бидат застапени темите:
Македонската литература при крајот на XIX век и почетокот на XX век; Марко Цепенков (живот и дело), Војдан Чернодрински (живот и творештво со акцент на драмата „Македонска крвава свадба“; Македонската литература меѓу двете светски војни: Васил Иљоски (живот и творештво со акцент на драмата „Бегалка“); Антон Панов (живот и творештво со акцент на драмата „Печалбари“); Ристо Крле (живот и творештво со акцент на драмата „Парите се отепувачка“); Коле Неделковски (живот и творештво); Коста Рацин (живот и творештво со акцент на стихозбирката „Бели Мугри“ - структура, мотиви, стилски фигури во песните).
Б)
- за III година средно образование за заедниците (немајчин јазик), од областа јазик ќе бидат застапени темите:
Кодификација на македонскиот стандарден јазик; Морфологија; Медиумска култура; Извештај, Биографија, Пријава, Реклама.
за III година средно образование за заедниците (немајчин јазик), од областа литература ќе бидат застапени темите:
Македонската литература по Втората светска војна; Славко Јаневски (живот и творештво со акцент на „Штрајк во гимназијата“; Матеја Матевски (живот и дело со акцент на песната „Ѕвона“; Ацо Шопов (живот и творештво со акцент на песната „Очи“) - структура, мотиви, стилски фигури во песните; Стале Попов (живот и дело со акцент на романот „Крпен Живот“).
(Содржините да бидат опфатени според наставните програми и постоечките учебници).
Сите дополнителни информации во врска со датумот и местата на одржувањето на Регионалните натпревари и Државниот натпревар, како и начинот на кој ќе се врши електронското пријавување ќе бидат дополнително соопштени.
Патните трошоци за учесниците до местото на натпреварот не се на товар на СДМЈЛ на РМ.
Од Извршниот одбор на Сојузот на друштвата
за македонски јазик и литература на РМ

- учениците на коишто македонскиот јазик им е мајчин и наставен јазик, и
- учениците на коишто македонскиот не им е мајчин јазик и на коишто наставен јазик им е еден од јазиците на заедниците во РМ.

- На натпреварите може да учествуваат: САМО ЕДЕН УЧЕНИК од VIII и САМО ЕДЕН УЧЕНИК од IX одделение од едно исто училиште (на кои македонскиот јазик им е мајчин) и САМО ЕДЕН УЧЕНИК од VIII и САМО ЕДЕН УЧЕНИК од IX одделение од едно исто училиште (на кои македонскиот јазик им е немајчин).
- На натпреварите може да учествуваат: САМО ЕДЕН УЧЕНИК од II и САМО ЕДЕН УЧЕНИК од III година од едно исто училиште (на кои македонскиот јазик им е мајчин) и САМО ЕДЕН УЧЕНИК од II и САМО ЕДЕН УЧЕНИК од III година од едно исто училиште (на кои македонскиот јазик им е немајчин).
- Доколку во училиштето само еден наставник изведува настава и во VIII и IX одд. или во II и III година, истиот може да им биде ментор на двата ученика.
- Доколку еден наставник изведува настава во две различни училишта и во VIII и IX одд. или во II и III година, истиот може да се пријави како ментор и на двајцата ученика од двете училишта.
- Учесниците (учениците и менторите) се должни да пристигнат на натпреварувачките пунктови (училиштата) барем половина час пред почетокот на натпреварот.
- При влегувањето во училиштето, наставникот-ментор треба да покаже личен документ за идентификација, а ученикот потврда од своето училиште дека е редовен ученик во осмо или во деветто одделение/ во втора или во трета година (на потврдата задолжително треба да има печат од училиштето и фотографија од ученикот).
- Наставниците-ментори се должни да ги придружуваат своите ученици на патувањето до местото каде што ќе се натпреваруваат, за време на дневниот престој во местото на државниот натпревар и на патувањето назад до местото од каде што доаѓаат. Доколку наставникот-ментор е спречен да го придружува својот ученик, ученикот во текот на целиот ден на натпреварот треба да биде придружуван од лицето коешто ќе биде назначено како негов придружник од страна на родителите/старателите. СДМЈЛ на РМ не презема никаква одговорност за учениците во текот на денот на одржувањето на државниот натпревар.