Конкурс за рецитаторски натпревар
Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Република Македонија распишува КОНКУРС ЗА РЕЦИТАТОРИ за 2018 година.
Натпреварот ќе се состои од два дела, и тоа:
Бројот на натпреварувачите во оваа фаза на натпреварот е ограничен на најмногу двајца ученици-кандидати од едно училиште (основно или средно). Изборот на кандидатите за рецитаторските натпревари го прават наставниците според резултатите од натпреварот што ќе го организираат во своите училишта.
За учество на рецитаторскиот натпревар, училиштето-учесник треба да уплати котизација во висина од 200,00 ден. за еден ученик на сметката на СДМЈЛ на РМ, а наставниците/професорите-ментори треба да ја имаат подмирено годишната членарина во СДМЈЛ на РМ, во висина од 300,00 ден. Жиро-сметката на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература е:
300-0000012791-75 - Комерцијална банка - Скопје.
За учениците што ќе се пласираат во вториот круг од натпреварувањето училиштето-учесник е должно да уплати дополнителни 200,00 ден. по ученик на сметката на СМЈЛ на РМ.
Натпреварувачите на Рецитаторскиот натпревар конкурираат со рецитаторска изведба која треба да биде снимена во аудио формат. Пријавувањето ќе се врши по електронски пат. Крајниот рок за пријавување за првиот дел од рецитаторските натпревари е 9 декември 2018 год.
Задолжителна за учениците од основното образование е песната на Видое Подгорец „Песна за татко ми“ (в. Прилог 1), а за учениците од средното образование – „Пеперутка од пепел“ на Сузана В. Спасовска “ (в. Прилог 2).
Пред рецитирањето на задолжителната песна, секој учесник е должен да се претстави со име и презиме, а во писмена форма да ги приложи:
Од пристигнатиот материјал за првиот дел од натпреварот, комисијата ќе ги избере оние ученици чија интерпретација најсоодветно ги задоволува пропишаните критериуми.

- Прв дел: рецитирање на песна по избор на комисијата на СДМЈЛ;
- Втор дел: рецитирање на истата песна со која ученикот се пласирал во втората фаза и рецитирање непозната песна, зададена од жири-комисијата.
Бројот на натпреварувачите во оваа фаза на натпреварот е ограничен на најмногу двајца ученици-кандидати од едно училиште (основно или средно). Изборот на кандидатите за рецитаторските натпревари го прават наставниците според резултатите од натпреварот што ќе го организираат во своите училишта.
За учество на рецитаторскиот натпревар, училиштето-учесник треба да уплати котизација во висина од 200,00 ден. за еден ученик на сметката на СДМЈЛ на РМ, а наставниците/професорите-ментори треба да ја имаат подмирено годишната членарина во СДМЈЛ на РМ, во висина од 300,00 ден. Жиро-сметката на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература е:
300-0000012791-75 - Комерцијална банка - Скопје.
За учениците што ќе се пласираат во вториот круг од натпреварувањето училиштето-учесник е должно да уплати дополнителни 200,00 ден. по ученик на сметката на СМЈЛ на РМ.
Натпреварувачите на Рецитаторскиот натпревар конкурираат со рецитаторска изведба која треба да биде снимена во аудио формат. Пријавувањето ќе се врши по електронски пат. Крајниот рок за пријавување за првиот дел од рецитаторските натпревари е 9 декември 2018 год.
Задолжителна за учениците од основното образование е песната на Видое Подгорец „Песна за татко ми“ (в. Прилог 1), а за учениците од средното образование – „Пеперутка од пепел“ на Сузана В. Спасовска “ (в. Прилог 2).
Пред рецитирањето на задолжителната песна, секој учесник е должен да се претстави со име и презиме, а во писмена форма да ги приложи:
- уредно пополнета пријава од ученикот за учество на натпреварот;
- уредно пополнета изјава за согласност од родителите/старателите на ученикот;
- копија од уплатницата за уплатената котизација од училиштето и
- копија од уплатницата за уплатената годишна членарина на професорот-ментор.
Од пристигнатиот материјал за првиот дел од натпреварот, комисијата ќе ги избере оние ученици чија интерпретација најсоодветно ги задоволува пропишаните критериуми.
Во вториот дел (устен) од натпреварот учениците прво ќе ја интерпретираат истата песна со која се пласирале, а потоа од страна на комисијата секому ќе му биде понуден непознат поетски текст за изведување, кое нема да трае повеќе од 3 минути.
При оценувањето ќе се земат предвид
При оценувањето ќе се земат предвид
- солидноста на артикулацијата,
- правилната употреба на јазичната норма, и
- емоционалниот израз на учесниците сообразен со одбраната содржина.
Прилог 1 (основно образование)
Песна за татко ми Секоја вечер уморен тој ни се враќа кога денот кон залез јазди и секоја приквечер лицето негово добро нова брчка го бразди. И започнувајќи ја својата приказна нова донесена од полето, тој ми ја открива вистината за лебот и земјата и убавината на пролетта. Потоа долго е замолчан и со испукана рака ја гали мојата коса, а јас го чувствувам немиот тек на приказната како здив на ливада в роса. Секоја приквечер уморен тој ни се враќа сонцето кога зајдува и в секоја брчка лицето што му го бразди по една добрина најдувам. Видое Подгорец
|
Прилог 2 (средно образование)
Пеперутка од пепел Лета таа над вековите блеска како чисто злато ја споредуваат со рајска птица но од неа само крилата ги позајмила божјиот ракопис врз нив е впишан ретко кој знае да го прочита посегне ли некој по неа таа в пепел се престорува чекајќи повторно некој крај огништето за неа да почне да сонува Сузана В. Спасовска
|